Европската ракометна федерација упати извинување до популарниот пејач Стинг поради тоа што неговиот концерт во Скопје мораше да се одложи за неколку часа поради триумфот на Вардар во Лигата на шампионите.

Иако од Авалон беше најавено дека концертот ќе се помести за два часа подоцна поради натпреварите на Вардар, од ЕХФ почустуваа потреба да му испратат официјално извинување на мегапопуларниот Стинг,

„Се извинуваме за одложувањето, догодина дојди да настапиш во Келн за да немаш ваква мака“, стоеше во пораката напишана на официјалниот Твитер профил на Европската ракометна федерација.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 06:32