Манчестер Јунајтед е пред закана да плати 30 милиони фунти на Давид Де Хеа, ако процени дека не треба да го продаде ова лето. 28-годишниот голман споделил дека не е среќен на „Олд Трафорд“ и сака да го напушти ова лето, иако има уште 12 месеци по својот договор.

Шпанскиот голман има опција да избира меѓу голем број на клубови каде ќе продолжи да игра, а англиските медиуми тврдат дека во договорот на Де Хеа има клаузула, која нагласува дека Јунајтед треба да му плати 30 милиони по завршувањето на сезоната 2018/19, доколку му најде купувач.

Сепак се очекува Англичаните да добијат околу 75 милиони фунти за играчот, ако дојде до трансфер. Заинтересирани за неговиот потпис се ПСЖ и Јувентус, кои имаат средства да остварат сличен трансфер.

Де Хеа може да преговара со други тимови по доаѓањето на новата година.

Тој игра за тимот од северозападна Англија во последните осум години.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 10:47