Македонската асоцијација на новинари (МАН) им го честита историскиот успех на ракометарите на РК Вардар за натчовечките напори во полуфиналето и финалето во Лигата на шампионите.
- Овој резултат е историски, ќе биде запишан во аналите на европскиот ракомет. Ви честитаме затоа што ја пишувате историјата со златни букви. Ви благодариме што го обединивте народот во уште една спортска радост. Ви посакуваме да не бидете принудени да “ги соблечете патиките”.
- Македонските новинари членови на МАН несебично навиваа и ве бодреа да го остварите овој успех. И од трибините и логистички. Пред натпреварот, за време на истиот и потоа. Знаеме за вашите проблеми. Верувајте, нашите се поголеми и потешки. Но, тоа не не спречи да работиме, да веруваме и да се радуваме на успехот. Момци, ние се гордееме со вас.
Финалниот резултат изгледа вака: - Членови на МАН – 427 текстови - Членови на ЗНМ: 21 текст
МАН изразува благодарност до сите членови кои непристрасно и несебично известуваа за успехот на РК Вардар. Благодариме на Ракометната федерација на Македонија и на ЕХФ, како и на навивачката група Комити за целата логистика.
Еден за сите – сите за еден! ЕДЕН ЖИВОТ, ЕДНА ЉУБОВ! НИЕ НАВИВАМЕ ЗА ВАС КОГА ДРУГИТЕ ГИ НЕМА.