Започна брендирањето на сите бизниси кои се приклучија кон проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“.
Општина Карпош изработи налепници за сите локали кои одлучија да понудат попусти и бенефиции за граѓаните, со цел, карпошани да бидат информирани каде можат да купуваат по пониски цени.
Кон проектот „Мој Карпош – Моја Картичка“ се приклучија повеќе од 200 бизниси кои работат на територија на Карпош, а картичка добија повеќе од 2 илјади граѓани.
За оваа картичка, граѓаните можат да се регистрираат на www.mojkarpos.mk или во просториите на урбаните заедници.
Примарната цел на картичката е да ја раздвижи економијата на локално ниво. Бизнисите да понудат попусти, во периодите или деновите кога имаат помала потрошувачка, а граѓаните да купуваат или да добиваат услуги по пониски цени.