Колоната возила со навивачи на евроспкиот ракометен шампион Вардар тргна од Спортскиот центар „Јане Сандански“ кон аеродромот каде за околу еден час се очекува да слета авионот од Келн.
Навивачи и од другите делови на градот тргнаа да ги пречекаат своите миленици кои викеднот стигнаа до втората европска титула.
Од аеродромот „црвено-црните“ ќе се упатат на плоштадот во центарот на македонската престолнина.