Неколку илјади навивачи на Вардар веќе се на меѓународниот аеродром во Скопје во исчекување на европските шампиони.
Летот на Вардар неколкупати беше одложуван во текот на денот, а според последните информации, вардаровиот чартер е над Хрватска.