Најдоброто лево крило во Лигата на шампионите Тимур Дибиров рече дека с еуште не верува дека по втор пат со Вардар е на европскиот ракометен трон.

– Не знам што да кажам. Немаме појма како станавме шампиони. Сакавме да се бориме до крај и го направивме тоа. Не можам ниту да замислам дека по втор пат ќе го поминам овој пат со трофејот од ЛШ и ќе имаме ваков пречек, изјави Дибиров.

За сензационалната победа против Барселона во полуфиналето кажа: „Старшно пцуење на полувремето. Се договоривме да изгинеме на терен, да умреме ама да не изгубиме“.

Вардарци во моменотв одат кон плоштадот „Македонија“ каде ги очекуваат неколку десетици илјади навивачи.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 22:45