-Најсреќен човек сум на светот. Не ми се верува како ме примија во луѓето во Скопје. Пресреќен сум што сум дел од екипата. Ова екипа никогаш нема да биде губитничка. Се ежам од целава ова атмосфера, изјави словенечкиот ракометар во „црвено-црниот“ дрес.
Скубе изрази оптимизам дека Вардар ќе продолжи да постои силен како што е сега.
-Екипата е феномелана. Сигурен сум дека ова не е крај. Напротив убеден сум дека ова е почеток на нови успеси, нагласи Скубе.