Панорамскиот автобус со кој се превезуваа ракометарите на Вардар од аеродромот до центарот на Скопје, пристигна на плоштадот „Македонија“.

Двократните европски шампиони кои беа поздравувани низ улиците на македонската метропола, на полштадот се дочекани од десетици илјади фанови од сите возрасти.

Атмосферата која владее во Скопје и во целата држава во текот на целиот викенд, кулминира кога автобусот помина низ „Триумфалната порта“ и се приближи до бината.

Европските шампиони ќе се качат на специјалната бина каде ќе се случи централната прослава на големиот успех.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2019 23:33