Ракометарите на Вардар од специјалната бина на плоштадот во Скопје им се обратија на десетиците илјади фанови кои повеќе од три часа ги чекаа своите миленици.
Стоилов: Скопски Вардар, европски првак. Моите соиграчи се најголеми амбасадори на нашата држава. Голем дел не се Македонци, ќе си отидат во своите држави, но ќе кажуваат за Вардар и Македонија. Најубав дел од нивните кариери. Да живее Вардар, да живее Македонија.
Карачиќ: Цел ни беше „Фајнал фор“, но кога дојдовме во Келн се обидовме и успеавме пак да ви донесеме трофеј . Благодарам за сите седум години во Скопје и Македонија. Можеби патот пак ќе ни се вкрсти.
Дибиров: Ние, целиот тим сме МакедонциМислев дека никогаш нема д адоживеам ден како во 2017, ама доживеав вече во 2019.
Чупиќ: Еден живот, една љубов.
Шишкарев: Голема победа за вас, за нас, за цела Македонија. Сакам да кажам дека година дена барам пасош за да станам Македонец, уште не ми даваат.
Скубе: Дел сум од вас, дел од Вардар
Дисингер: Ве сакам сите. Балгодарам за поддршката. Ова е неверојатно
Криштопанс: Вие сте најдобри навивачи. Благодарам за поддршката
Калараш: најдобрите навивачи кои сум ги сретнал. Горд сум што сум дел од Вардар
Милосављев: Вис сте народ со најголемо срце. Игравме за вас и покажавме дека треба да верувате во Вардар. Ги сакам Вардар и Македонија.
Горбок: Сите дадовме се од себе и за државата и за Вардар
Парондо: Титулата е за Вардар, за Скопје и за цела Македонија.
Кисељев: Тебе те сакаме, тебе те бодриме, само напред Вардаре.
Поповски: Бидете горди на оваа екипа која живаа за Скопје и Македонија.
Војводиќ: Благодарност за големата поддршка и емоциите кои ни ги покажавте. Оваа е наша заедничка бајка.
Периќ: Вредеше да се живее за ова. Ова ретко се гледа.
Црвенковска: Браво Вардар.
Гедбан: Благодарам за поддршката. Напред Вардар.