Секогаш претпазливиот Роберто Гарсија Парондо во својата прва сезона на тренерското место на Вардар, успеа да стигне до насловот европски шампион.

Во текот на целата сезона Шпанецот беше скромен и не сакаше да создава еуфорија ниту по победите над фаворитите.

– Конечно можеме да кажеме дека сезоната заврши. Завршуваме со трофеј. Многу сме среќни. Никогаш не размислував за ваков епилог. Одеме натпревар по натпревар, чекор по чекор за на крајот д астигнеме на врвот. За тоа колку е голем и вреден овој успех, говори фактот дека на крајот сме завршивем пред големи имиња како Веспрем, Барселона, ПСЖ, Пик Сегед, Киелце, ПСЖ,…, изјави Парондо.

Автобусот со вардаровата експедиција за дестина минути ќе пристигне до плоштадот во ценатрот на Скопје каде се собрани неколку деседтици илјади фанови.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/06/2019 00:42