Пред граѓаните кои беа на плоштадот Македонија да ги пречекаат Вардарци и заедно со нив да ја прослават титулата, се обратија и двајцата коментатори на српската Арена кои ги коментираа преносите на Вардар во Келн.
Тие се поклонија пред Вардарци и повторно ги кажаа коментарите кои ги изговорија во моментите на еуфорија во полуфиналето и финалето на ракометната Лига на Шампиони.
- Најдобриот ракомет сега живее во скопје. Уживање беше да се следи Вардар оваа сезона. Ви благодариме за се. Скопје е повторно европска престолнина на ракометот. Радувајте се. Слави Македонијо!, рекоа коментарите пред насобраната публика, поклонувајќи им се на ракометарите.