Ракометната федерација на Македонија испрати честитка до Вардар и порача дека ова е огромен успех за македонската спортска историја.
„Момци,
Секоја чест за одржаната лекција по ракомет на деветкратниот европски шампион од Шпанија и четирикратниот претендент за титулата од Унгарија.
Огромно БРАВО за борбеноста, истрајноста, ислниот тимски дух, единството во составот и карактерот!
Нека двпати извојуваниот најпосакуван ракометен трофеј на стариот континент освоен под македонско знаме силно свети како ѕвезда водилка во македонската спортска историја.
Ви посакуваме вашата успешна приказна да продолжи со уште многу високи достигнувања!“, пишува во соопштението на РФМ.