Македонскиот шампион Вардар ги освои симпатиите на ракометниот свет со феноменалниот завршен турнир во Келн.
Ракометарите на Роберто Гарсија Парондо покажаа карактер, оставија срце на терен и што е најважно докажаа дека клубот и мотивацијата се независни од парите, пренесе спортскиот портал гол.мк
На социјалните мрежи може да се забележат огромен број на честитки и посвети на успехот на новиот европски првак.
Една од најдосетливите и која сигурно ќе ве насмее е онаа од официјалниот Инстаграм профил на СЕХА регионалната лига. Во главна улога е капитенот на „црвено-црните“, Стојанче Стоилов, а под фотографијата стои натпис:
„Кога не ти се верува што направивте ти и твоите другари за време на викендот“.