Капитенот на Вардар и „играчот со број 5“ Стојанче Стоилов на својот фејсбук профил објави статус во кој европската титула им ја посвети на комитите, Саздо, Македонија.
Тој во својот пост ја објави и неофицијалната химна на Вардар која звучеше моќно испеана на плоштад.
За сите вас кои вчера чекавте, чекавте и не дочекавте да ја прославивме втората EHF Champions League титула! За ова чудо од клуб RK Vardar! За Саздо🖤 и Komiti Skopje кои никогаш не не оставија и до крај веруваа во нас! За цел Балкан, за Македонија, за Скопје и за сите македонски градови и села! За сите вас! Од срце❤️ ви благодарам, без вас сево ова немаше да биде возможно! #ЕднаЉубовЕденЖивот #ОдимеНаТретаТитула, напиша на Фејсбук Стојанче Стоилов. ❤️🖤🏆❤️🖤