Стопанската комора на Македонија и Европската бизнис асоцијација денеска ќе организираат трибината на тема „Предизвици за подобрување на дуалното образование – идни чекори“.
Целта на трибината е да се излезе во пресрет на барањата на бизнис заедницата за задоволување на побарувачката за квалификувана работна сила преку имплементација на дуалниот систем на образование.
На трибината ќе учествуваат Бранко Азески, претседател на Стопанската комора на Македонија, Кочо Анѓушев, заменик на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања и за координација со економските ресори, Арбер Адеми, министер за образование и наука, Мила Царовска, министерка за труд и социјална политика.