По повод Европската недела на спортот насловена „Be Active”, секретарот на Општина Кисела Вода, Александар Алексовски и други претставници од општината, денеска присуствуваа на спортски настан во ООУ „Партенија Зографски”, организиран од страна на Агенцијата за млади и спорт и во соработка со локалната самоуправа.

Основците од сите училишта на територија на Oпштина Кисела Вода, предводени од своите наставници по физичко воспитување, имаа можност да се дружат и учествуваат во одредени активности како, спортски лавиринт, скокање на јаже и мали пријателски спортски натпреварувања, како и да се запознаат со некои од нашите Амбасадори на Европската недела на спортот.

– Сите овие активности се во насока на зајакнување на спортскиот дух и поттикнување на и здравите навики на живеење. Општина Кисела Вода во многу наврати и со бројни проекти потврдува дека се залага за развој на спортот на локално ниво, за што говорат и многу успеси од страна на наши ученици, дури и на меѓународно ниво. Учеството во настанот што го организираат и координираат вработените во Агенцијата за млади и спорт, е само еден од нив, соопштуваат од прес-службата на Општина Кисела Вода.

Европската недела на спортот трае од 23 до 30 септември и се предвидува активно вклучување на граѓаните во спортот, индивидуално и институционално унапредување и промовирање на стилови за водење грижа на здрав живот на секој поединец.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2019 15:45