Видео платформата ЈуТјуб (YouTube) соопшти дека ќе забрани видеа кои заговараат дискриминација или сегрегација.

– Ќе забраниме особено видео-снимки во кои се зборува за супериорноста на една група за да се оправда дискриминација, сегрегација или исклучивост врз основа на критериуми како што се години, пол, раса, религија или сексуална ориентација, соопшти менаџментот на ЈуТјуб.

Се додава и дека, на пример, ќе бидат забранети и видеа кои ја величаат нацистичката идеологија која сама по себе е дискриминаторска.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2019 16:23