Кинескиот технолошки гигант Хуавеј потпиша договор со руската телекомуникациска компанија МТС за развивање технологија на мобилни мрежи за новата генерација 5Г во Русија, а Пекинг се подготвува паралелно за изградба на модерна комуникациска инфраструктура во Кина.

Хуавеј и МТС во Русија ќе ја развиваат 5Г мрежата во текот на следната година, јави Би-Би-Си.

Потпишувањето на договорот се совпадна со тридневната посета на кинескиот претседател Си Џинпинг во Русија.

Соработката меѓу кинеската и руската компанија е воспоставена кога група западни земји, предводени од САД, одлучија да го исклучат Хуавеј од развојот на мобилни мрежи за новите генерации поради наводни национални безбедносни ризици, потсетува Би-Би-Си.

Договорот, најверојатно, претставува одредено олеснување за Хуавеј кој беше под силен меѓународен притисок во последниве месеци.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/06/2019 19:17