Шестгодишно дете од скопската населба Илинден е повредено кога во него удрил мотоцикл „лонгија баутијан“ управуван од 16-годишник од селото Кадино.
Според МВР, несреќата се случила вчера попладне во 18 часот во селото Марино.
Шестгодишното дете кое се здобило со тешки телесни повреди е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде му е укажана лекарска помош. Со телесни повреди се здобил и возачот и сопатникот на мотоциклот.
Извршен е увид на местото на настанот од страна на увидна екипа од СВР Скопје.