Доколку се вљубите во некого, подобро е да го засакате и неговото/нејзиното куче, оти, во спротивно, голема е веројатноста врската да не успее, посочува истражуање на компанијата за шетање кучиња „Вег“.

Според анкетата, 86 отсто од сопствениците на кучиња би му раскинале на партнерот ако тој/таа не го сака миленичето.

– За нас во „Вег“ воопшто не е изненадување тоа дека оние кои чуваат кучиња ги ставаат нив на прво место, пред луѓето и дека тоа е важен фактор во нивниот љубовен живот, изјави директорка на компанијата Хилари Шнајдер.

Во таа смисла, несогласувањето околу кучињата е побитно отколку она за модата или за тоа дали да се има деца или не.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2019 16:55