Лавицата Акети од зоолошката во Берлин е нов жител во скопската градина. 12-годишната лавица пристигна во Скопје пред шест денови и веќе се прилагодува на животот во Скопје ЗОО.

За неколку месеци друштво ќе и прави и лавот кој треба да пристигне од Софија.

Лавицата е добиена благодарение на соработката со Европската асоцијација на зоолошки градини (ЕАЗА). Акети одлично се прилагоди на новото живеалиште и на нејзините зоо негуватели.

Во Скопје пристигнаа и четири ему птици бебиња- Теди, Ким, Бланка и Вили.

Ему птицата потекнува од Австралија и е втора птица по големина во светот, веднаш по нојот.

Четирите ему ќе живеат во живеалиштето на кенгурите или реон во зоолошката, познат како „Австралија“.

Целиот овој простор наскоро ќе биде реновиран и изграден во Аборџински стил со помош на донаторот „Подравка“.



Автор: Администратор
Објавено на: 07/06/2019 18:22