ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на денешниот ден спроведе акција за генерално чистење на скопскиот Јужен булевар.
Со 20 работници на терен, беше извршено рачно и машинско метење и миење на булеварот, а од механизацијата беа употребени две автоцистерни и специјалните комунални возила – патарки и метларки.
Акцијата беше организирана поради зачестените поплаки од страна на граѓаните дека стамбените објекти лоцирани на Јужниот булевар се подложени на загадување и прашина од градежните зафати што се реализираат во овој реон.
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ја информира јавноста дека според Законот за јавна чистота, градежните фирми се должни да обезбедат отстранување и транспорт на градежниот отпад од градежните локации.
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје нема ингеренции да го собира и транспортира овој вид на отпад ниту пак да ја одржува хигиената на приватните градилишта.