Без вода денеска од 9:00 часот до завршуавње на работите ќе бидат дел од корисниците од булеварот „Св.Кирил и Методиј“, АМСМ, Халк Банка и зградата на Нова Македонија, како и делови од улиците „Теодосие Гологанов“ и „Климент Охридски“
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот е поради промена на затварач од Ф 400 мм на булевар „Св. Кирил и Методиј“ на раскрсница со булевар „Св. Климент Охридски“.
Поради уличен дефект од 80 мм на улица „Ацо Шопов“ бб во населба Ѓорче Петров, денеска од 5:40 часот до завршување на работите прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата „Ацо Шопов“.