Уапсен е дваесет и деветгодишниот Орхан Амети по кого МВР имаше распишано потерница за убиство кое тој го изврши пред речиси две години.

„Денеска (9.6.2019) на локалниот пат Зелениково-Моране полициски службеници од СВР Скопје го приведоа О.А. (29) од Скопје, кој се бараше за извршено кривично дело „убиство“ извршено на 20.12.2017 на ул. Џон Кенеди, каде пред угостителски објект беше убиен Б.И. (24) од Скопје“, се вели во соопштението на МВР.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2019 04:03