Градоначалникот Шилегов денеска им врачи признанија и парични награди на матурантите првенци на генерациите 2015/2019 и 2016/2019 од 22 скопски средни училишта. Доделувањето на наградите е дел од традиционалната манифестација на Град Скопје „Средба на првиот со најдобрите“ која овојпат се одржа во просториите на МКЦ.

- Денеска наградуваме 27 првенци од 22 средни училишта на Град Скопје. Од нив, 22 награди се за првенците кои имаат завршено четиригодишно образование, а четири се за оние што имаат завршено тригодишно образование. Оваа година за првпат се доделува и специјална награда за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија во генерацијата 2015/2019 година. Праксата покажува дека тој што е првенец на својата генерација и понатаму постигнува врвни резултати на патот на својот професионален развој. Знаењето никој не може да ви го одземе, тоа е сила што ќе ве прави непокорни, самостојни и добри во одлучувањето – рече градоначалникот Шилегов пред присутните.

Тој на учениците им порача и понатаму да редат успеси на различни полиња, зашто преку личниот успех индиректно придонесуваат за успешен развој и на градот, и на општеството.

Награди и признанија за своите успеси денеска добија првенците на генерациите 2015/2019 и 2016/2019 година: од СУГС „Владо Тасевски“ - АЛЕКСАНДАР НИКОЛОВСКИ IV; од СУГС „Георги Димитров“ - МАРИЈА ТРПЧЕВСКА IV; од СУГС „Раде Јовчевски-Корчагин“ - СТЕФАН СТОЈКОВИЌ IV; од СУГС „Кочо Рацин“ - МИХАЕЛА ЈАНКОСКА IV; од СУГС „Браќа Миладиновци“ - ЕЛЕНА БАБУНСКА IV; од СУГС „8 Септември“ - ЈАСИР ЉУРА IV; од СУГС „Jосип Броз-Тито“ - СПАСЕ ПРЕМЧЕСКИ IV; од СУГС „Орце Николов“ - ДАВИД ХРИСТОВ IV; од СУГС „Михајло Пупин“ - ТРАЈАН БОШКОВСКИ III и АЛЕКСАНДАР РАЈКОВЧЕВСКИ IV; од СУГС „Зеф Љуш Марку“ - МИРАНДА ПАЈАЗИТИ IV; од СУГС „Никола Карев“ - ДЕФНЕ ЕМИНОВСКА IV и МАРТИНА ЧОЧКОВА IV за особени постигнувања и резултати во процесот на инклузија во генерацијата 2015/2019 година; од СУГС „Лазар Танев“ - ТАТЈАНА ДАВИДОВСКА IV и САРА ТРАЈКОВСКА III; од СУГС „Васил Антевски- Дрен“ - ЕМИЛИЈА ТРАЈКОСКА IV; од СУГС „Боро Петрушевски“ - САНДРА ЈАКИМОВСКА IV; од СУГС „Марија Кири-Склодовска“ - КАТЕРИНА ЧОБАНОВА IV; од СУГС „Д-р Панче Караѓозов“ - ВЕРОНИКА СТАНОЕВСКА IV; од СУГС „Панче Арсовски“ - ПЕТАР СПАСОВИЌ IV; од СУГС „Арсени Јовков“ - ДАМЈАН ЦВЕТКОСКИ IV; од СУГС „Здравко Цветковски“ - ДРАГАНА МАРИНКОВСКА IV; од СУГС „Цветан Димов“ - ЊОМЗА АЈДИНИ IV; од СУГС „Шаип Јусуф“ - АЗИС РАИФ IV и САНЕЛА КРАСНИЌ III и од СУГС „Димитар Влахов“ - АЛЕКСАНДРА БЛАЖЕВА IV и АРБНОР ШАБАНИ III. Манифестацијата „Средба меѓу првиот и најдобрите“ Градот Скопје ја организира традиционално, 13-та година по ред. Таа има за цел да го афирмира училишниот успех на првенците на генерација во средните училишта на Град Скопје и да им оддаде јавно признание за постигнатите резултати.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/06/2019 19:36