Врз група доброволци, наскоро ќе започне тестирање на нов вид природно зацелување на срце, коешто се одвива со помош на матични клетки, по настанат срцев удар, јави Би-Би-Би.

Овој принцип на природно лекување вклучува нешто налик на „фластер“ кој се „зашива“ на оштетениот дел од срцето и се претвора во здрав функционален мускул, а во истовреме ослободува хемикалии кои го обновуваат ткивото.

Срцевиот удар настанува кога затнатата артерија го блокира дотокот на крв во срцев мускул, по што прекинува снабдувањето со кислород и хранливи материи. Тоа може да значи и трајно оштетување на срцето.

Првичните тестови се покажаа успешни, а испитувањето на луѓето треба да почне наредниве две години, соопштија кардиолозите од Универзитетот Империјал колеџ во Лондон.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2019 17:18