Скулптура на гигантски велосипед за подигнување на свеста за проблемот со крадење велосипеди беше поставен денеска во Скопје.
Проблемот со крадење велосипеди тангира преку 150.000 граѓани во државата кои го користат велосипедот како еколошко, здраво и функционално превозно средство.
Проценките се дека изминативе десет години се украдени над 70.000 велосипеди, односно на скоро секој велосипедист му е украден најмалку по еден велосипед.
Полицијата засега не е успешна во оваа борба и се пронаоѓа секој 1000-ти велосипед.
Велосипедот е изработен од метал и е со димензии 3 х 1.8 метри.