Градот Скопје не можел да ја прекине постапката за депонијата „Дрисла“ и покрај нејзината контраверзност. Не постоела правна можност за тоа. Ако направел таков чекор, ќе отворел простор за поднесување тужби што ќе значело и евентуален негов банкрот. Поради тоа, како што објасни денеска градоначалникот Петре Шилегов, завчера на седница со одлука на Советот е избран конзорциумот во кој се наоѓа и германската фимра „Шолц“.
– СОВЕТОТ НА ГРАД СКОПЈЕ ЗАВЧЕРА ОДРЖА СЕДНИЦА. СОГЛАСНО ОДЛУКИТЕ НА СУДОТ, ЈА ПРОДОЛЖИВМЕ ПОСТАПКАТА ПОЧНАТА ВО 2011 ГОДИНА. ЗА ЖАЛ, НЕ ПОСТОШЕ ПРАВНА МОЖНОСТ ДА ЈА ПРЕКИНЕМЕ ИАКО СЕРИОЗНО КОНТРАВЕРЗНА, А СЕРИОЗНИ КОНТРАВЕРЗИИ ПРЕДИЗВИКУВАШЕ И ИЗБРАНИОТ КОНЦЕСИОНЕР. ПРЕКИНУВАЊЕТО НА ПОСТАПКАТА ВО ОВАА ФАЗА ЌЕ ГО НАПРАВИ ГРАДОТ ПРАВНО ПОРОЗЕН, ДА БИДАТ ПОДНЕСЕНИ ТУЖБИ ОД ДВАЈЦАТА УЧЕСНИЦИ И ТОА МОЖЕШЕ ДА ГО БАНКРОТИРА. ЗАТОА, СО ОДЛУКА НА СОВЕТОТ Е ИЗБРАН КОНЗОРЦИУМОТ ВО КОЈ СЕ НАОЃА И ГЕРМАНСКАТА ФИМРА „ШОЛЦ“, ИСТАКНА ШИЛЕГОВ, ОДГОВОРАЈЌИ НА НОВИНАРСКИ ПРАШАЊА ПРЕД КОНФЕРЕНЦИЈАТА „ПАРТНЕРСТВО ЗА ЗАБРЗАНА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, ИНКЛУЗИВЕН И ОДДРЖЛИВ РАЗВОЈ”.
Според Шилегов, непостоењето правна ситуација за прекинување на постапката се должи на несериозното работење на претходната админситрација .
-ПРАВИМЕ СЕРИОЗЕН ОБИД ДА ЈА ИСПРАВИМЕ ТАА РАБОТА ЗАШТО СКОПЈЕ И НЕГОВИТЕ ГРАЃАНИ ЗАСЛУЖУВААТ МОДЕРНА ЕВРОПСКА ДЕПОНИЈА, ПОДВЛЕЧЕ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ.