Македонскиот ракометен вицепрвак Еурофарм Работник продолжува да се засилува за следната сезона. Битолскиот клуб денес договори уште еден репрезентативец, потпиша четиригодишен договор со Мартин Велковски.
Десниот бек доаѓа од Металург и ќе биде четврто засилување по Митревски, Маџовски и Ратајац.
-Велковски е ракометар кој има искуство од настапи во Лигата на шампионите и СЕХА лигата и ќе биде од голема помош за Еурофарм Работник. На оваа позиција во екипата се уште и Стјепановиќ и Михајло Петровски, соопштија од клубот.
Еурофарм Работник за неполна една недела ќе ги започне подготовките за сезоната 2019/20, а раководството на битолчани најави уште неколку засилувања.