Општина Центар од денеска го става на јавна презентација и јавна анкета Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 и повторна јавна анкета и јавна презентација на ДУП ЦС 06 – локалитет Судска палата 2.

Нацрт-плановите за двата ДУП-а ќе бидат изложени во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ (бул. Гоце Делчев бр. 14), а граѓаните ќе можат да ги видат секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот, почнувајќи од денеска до 28 јуни 2019. Нацрт-плановите можат да се видат и на веб-страницата на Општина Центар, www.centar.gov.mk.

Опфатот на ДУП, Градска четврт ЦС 06 – локалитет Судска палата 2 е дефиниран: на север по оската на бул. „Гоце Делчев“, на исток по оската на бул. „Крушевска Република“, на запад по оската на бул. „Крсте Мисирков“, а на југ по оската на постоечкото речно корито на Вардар. Вкупната површина на планот е 15,53 хектари.

Опфатот на ДУП, Градска четврт ЦС 08 – локалитет Судска палата 1 е дефиниран: на север по оската на бул. „Гоце Делчев“, на исток по оската на ул. „Никола Карев“, на југ по оската на коритото на Вардар, а на запад по оската на бул. „Крушевска Република“. Вкупната површина на планот е 4,51 хектари.

Јавните презентации по двата нацрт-плана ќе се одржат на 19 јуни 2019 часот во Општина Центар (барака 6), со почеток во 13:00 и 13:30 часот.

Анкетните листови со предлози и забелешки за плановите, граѓаните можат да ги достават во просториите на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ и/или по електронски пат на planiranje@centar.gov.mk.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/06/2019 18:26