Сојузот на синдикати на Македонија ја поздрави владината мерка за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не надминуваат нето износ од 22 илјади денари.

– Сојузот на синдикатите на Македонија континуирано укажува на ниските примања на работниците во државата, посебно на работниците кои примаат минимална плата, со која не можат да ги задоволат основните потреби за себе и семејството вклучително и заминувањето на годишен одмор. Во оваа насока ССМ ја поздравува мерката на Владата на Република Северна Македонија, за организиран одмор на работници со ниски приходи чии месечни примања во семејството не го надминуваат нето износот од 22.000,00 денари. ССМ ги повикува и охрабрува работниците да се пријават на јавниот повик да ја искористат оваа мерка, се вели во соопштението.

ССМ апелира и до работодавачите да извршат навремена исплата на регресот за годишен одмор, а освен зголемување на минималната плата, предлага и скалесто зголемување на платите на сите работници.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/06/2019 15:52