Русите Сергеј Горпишин и Павел Атман следните две сезони ќе бидат дел од европскиот шампион Вардар.

Сергеј Горпишин (21) настапува на позицијата пивотмен и доаѓа од бундеслигашот Ерланген каде играше од летото 2017 година, а Павел Атман (32) игра на позицијата лев и среден бек и исто така доаѓа од бундеслигата односно од тимот на Хановер.

Тимот веќе се засили и со летонскиот голман Артурс Кугис.

Горпишин е висок е 200 см, а тежок 106 кг. Тој е роден во Германија и кариерата ја започнал во третолигашот Ајнтрахт Хилдесхајм, а потоа две сезони бил дел од второлигашот Спринге, пред да замине во Ерланген. Горпишин во репрезентацијата на Русија настапи на СП 2019 година, и играше во квалификациите за ЕП 2020 година.

Атман кариерата ја почна во тимот на Кустик во 2010 година, а во периодот од 2010 до 2013 настапуваше за Динамо Минска. Потоа две сезони играше во Металург, по што замина за Мешков Брест. Хановер е неговата последна дестинација пред да се приклучи на „црвено-црните“. Дел е од репрезентацијата на Русија на последните големи натпреварувања.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/06/2019 16:20