Селекторот на женската младинска репрезентација Јулијана Дамчевска го објави денеска списокот на повикани ракометарки за собир за подготвителниот период за претстојниот ЕХФ шампионат во категорија до 19 години.

Младинската репрезентација на Македонија е во групата Б заедно со репрезентациите на Грузија, Швајцарија и Литванија, а шампионат ќе се одржи во Литванија во период од 15 до 21 јули 2019 година.

Собирот е закажан за понеделник, односно 24.06.2019 во 15:30 часот во спортска сала Автокоманда.



Автор: Администратор
Објавено на: 21/06/2019 18:31