Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје во периодот од 06.00 часот на 26.06.2019 до 06.00 часот на 27.06.2019 година при зајакната акциска контрола на подрачјето на Скопје откри 106 возачи кои ја пречекориле дозволената брзина за што се соодветно санкционирани.

Откриени се и 60 останати прекршоци за кои се издадени 21 мандатен платен налог и 39 прекршочни платни налози, соопшти денеска МВР.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера спроведе и акциска контрола за откривање прекршоци што ги прават возачи на мотоцикли на територијата на Скопје, при што се санкционирани 20 возачи на мотоцикли. Откриени се и 20 останати прекршоци за кои се издадени 12 мандатни платни налози и осум прекршочни платни налози.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2019 13:56