Земјотрес со јачина од 6,4 степени ги погоди денеска островите Кермадек во Пацификот, соопшти американскиот геолошки завод.

Епицентарот на земјотресот е на 159 километри југозападно од островот Рул.

На островот нема населени места, туку само метеоролошка станица.

Островите Кермадек се оддалечени од 800 до 1.000 километри североисточно од Нов Зеланд.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2019 16:00