Еурофарм Работник ги дозна ривалите за групната фаза во ракометната Лига на шампионите.

Битолскиот тим се најде во групата Ц, а ривали ќе му бидат Савехоф (Шведска), Татран (Словачка), Кокс (Финска), Бидасоа Ирун (Шпанија) и Спортинг (Португалија).

Групната фаза започнува во месец септември.

Ждрепката за групната фаза сезоната 2019/2020:

Група Ц: Еурофарм Работник Савехоф Татран Прешов Кокс Бидасоа Ирун Спортинг Лисабон

Група Д: Динамо Букурешт Кристијанштад Чеховски Медведи Кадетен Шафхаузен Висла Плок ГОГ Гудме.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/06/2019 19:04