ЕХФ ги извлече и групите за овогодинешното издание на женската ракометна Лига на шампиони.
Актуелниот шампион, унгарски Ѓер доби релативно лесна група, откако во обид да ја одбрани титулата ќе се натпреварува против Крим (Словенија), Сафехоф (Шведска) и победникот од квалификациите.
Групите во женската ракометна ЛШ
Група А: Мец, Кристиансанд, Подравка, ФТЦ Група Б: Ростов-Дон, Есбјерг, Перла Лублин, ЦСМ Букурешт Група Ц: Валчеа, Будуќност, Битигхајм, Брест Група Д: Ѓер, Крим, Савехоф, квалификант
Новата сезона од Лигата на шампионите кај дамите стартува на 16 септември.