Повозрасен маж од Тетово денеска е пронајден мртов на Самоиловата тврдина во Охрид.

Информацијата за МИА ја потврди портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски, кој посочи дека кај лицето не се забележани траги на насилство и оти се работи за природна смрт.

– По барање на Јавен обвинител утре ќе биде направена обдукција врз телото на починатиот, изјави Димоски.

По пријава на граѓани веднаш на местото пристигнала екипа на Брзата помош, која констатирала смрт.

Според првичните информации, станува збор за лице на околу 60-годиншна возраст.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/06/2019 00:13