Поради ерупција на вулкан во Папуа Нова Гвинеја, 15.000 луѓе се евакуирани, соопштија денеска хуманитарните служби.

Како што пренесуваат светските агенции, дошло до ерупција на вулканот Улавун на островот Манам и засега нема податоци за евентуални повредени.

Меѓутоа, од ерупцијата се уништени куќи, плантажи и извори на вода, поради што локалното население остана без храна и вода.

Поради големи облаци од пепел, во прекин се и летовите на регионалните линии.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/06/2019 14:34