Иран никогаш нема да потклекне пред САД, и ако Вашингтон сака да преговара со Техеран, треба да покаже почитување, рече денеска иранскиот министер за надворешни работи, Мохамед Џавад Зариф.
-Иран никогаш нема да попушти пред притисок од САД … Америка треба да се обиде да го почитува Иран. Ако сакаат да разговараат со Иран, треба да покажат почит, рече Зариф во телевизиско обраќање.
Тензиите меѓу Техеран и Вашингтон драстично се зголемија во изминатите недели, една година откако САД се повлекоа од нуклеарниот договор со Иран, потпишан во 2015 година.