Авганистанските безбедносни сили денеска се судрија со вооружени талибанци, кои упаднаа во зграда во Кабул откако камион со бомба експлодира во близина на Министерството за одбрана, при што беа повредени најмалку 100 лица, од кои 35 деца, соопштија официјални лица.

Неколку часа по нападот, во областа, која ја обезбедуваат специјални сили, повремено се слушнале пукотници и експлозии.

Одговорноста за нападот ја преземаа талибанците.

Најмалку три вооружени лица влегоа во зградата на Министерството за одбрана по експлозијата, вели претставник на безбедност од Владата.

-Вооружени напаѓачи влегоа во зградата и се судија со авганистанските сили по силната експлозија, изјави портпаролот на Министерството за внатрешни работи, Настрат Рахини.

Авганистанските официјални претставници за безбедност соопштија дека камион експлодирал близу одделот за инженерство и логистика на Министерството за одбрана.

Околу 100 повредени биле пренесени во болница, изјави портпаролот на Министерството за здравство, Вахидулах Мајар, но засега нема податоци за евентуални жртви.

Директорот на блиското приватно училиште, Нематулах Хамдард, рече дека се повредени 35 деца.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/07/2019 17:19