Тимот на Металург си обезбеди четврто засилување за новата сезона. Се работи за Маријан Мариќ (23), кој потпиша двегодишен договор со „металурзите“,соопштија од клубот.

Левиот бек, висок 193 сантиметри, е брат на познатиот хрватски репрезентативец Марино Мариќ, а во тимот од Автокоманда доаѓа од екипата на Зрињски од Мостар (БиХ).

Хрватот е четвртото ново засилување за освојувачот на Купот на Македонија, по Лука Вујовиќ, Милан Поповиќ и Реваз Чантурија.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/07/2019 20:04