Селекторот на машката кадетска ракометна репрезентација, Данило Брестовац го објави списокот на повикани ракометари за собир во рамки на припремниот период за претстојното Светско Првенство У19 2019.

Натпреварувањето ќе се одржи во Скопје во период од 5-ти до 18-ти Август годинава

Собирот на кадетите е закажан на 10-ти јули со почеток во 13:30 часот во Струга во Хотел „Арбери“.

Кадетската репрезентација на Македонија е во групата Ц заедно со репрезентациите на Аргентина, Нигерија, Јапонија, Бахреин и Данска.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/07/2019 14:32