Без вода денеска од 10:45 часот до завршување на работите ќе бидат корисниците на улица „Бутелски Венец“ и дел од улиците „Виничка“ и број 3 во Визбегово.
Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ Скопје прекинот е поради дефект на затварач Ф 80 м.м. на улица „Бутелски Венец“ 34.
Без вода од 11:10 часот до завршување на работите ќе бидат и корисниците улиците „Бертланд Расел“, „Пекљане“, „Моцартова“ и со намален притисок можно е да остане населбата Даме Груев.
Прекинот е поради дефејт на затварач Ф 100м.м. на улица „Бертланд Расел“ 62.
Поради изведување на водоводен приклучок Ф 80 м.м. на улица 1513 бб во Пинтија со прекинато водоснабдување денеска од 11:10 часот до завршување на дефектотр ќе бидат корисниците од улица 1513 во населба Пинтија.