Шимпанзото Коко заедно со уште три шипанза Мими, Роси и Хјасл, со кои се ресоцијализираше во Холандија повторно е во Зоолошката градина во Скопје.
Изминатите десет години Коко престојуваше во Холандија на ресоцијализација откако остана сам во Зоолошката градина во Скопје, по барање на зоо негуватели и новинари.
Шимпанзата имаат ново живеалиште изградено по светски стандарди, кое има голем внатрешен и надворешен дел, збогатено со голем број реквизити. Тие се уште се во карантин и го испробуваат новото живеалиште.