Руски експерти препорачуваат да се консумира половина црно чоколадо секој ден, но поделотворно е тоа да го правиме дење, оти тоа е висококалоричен производ што нè прави поенергични и попродуктивни, сметаат докторите.

– Ако јадете темно чоколадо со удел на какао од најмалку 50 отсто, тогаш просечната количина што треба да се консумира, е околу 50 грама на ден. Може да си каснете и повеќе, ако се занимавате со потежок физички труд или спорт, смета проф. Алексеј Буверов, при Униврзитетот Сеченов во Москва, Русија.

Темното чоколадо е здраво и содржи поголема концентрација на какао и други полезни компоненти.

– Сега го проучуваме и благотворниот ефект на холестеролот врз метаболизмот. Односно, и покрај тоа што чоколадото содржи масти, флавоноидите ги намалуваат нивоата на холестерол, објаснува проф. Буверов.

Според него, црното чоколадо има и компоненти што го заштитуваат црниот дроб, но предупредува дека може лошо да влијае на панкреасот.

Светскиот ден на чоколадото се одбележа вчера. Традицијата ја започнале Французите, а оттаму се проширила низ цела Европа.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2019 11:08