За караница има многу и најразлични причини, но „Гардијан”, по едно испитување спроведено во САД, ги издвојува трите најчести причини за кавга во врската и во бракот…

Секс

Сексот е многу важен дел од секоја љубовна врска, па околу тоа постојано настануваат недоразбирања и несогласувања. Најчестиот повод за кавга во врската, поврзан со сексот е тоа што едната страна сака повеќе, а другата – помалку, па тоа создава незадоволство и фрустрација.

Неслушање на другиот

„Гардијан” оваа појава ја нарекува „синдром на лажно помнење”. Имено, многумина кога ќе им се случи, едноставно да не слушнат што другата страна говори, кога таа ќе подвикне, се обидува да се одбрани со лага и правдање. И, како што и обично бидува со ситниците, тоа е, исто така, една од најчестите „искри“ за кавга.

Уредност

Истражување направено од „Стореџ ворлд” посочува дека дури 61 отсто од жените не поднесуваат неуредност и мрзеливост кај мажот. Кај машкиот дел од населението, реципрочно, тој број изнесува 25 отсто.

Кавгите ги има во секоја врска и тоа е нормално. Но, советот на голем дел од стручните лица гласи: Вечерта не одете в кревет лути еден на друг.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/07/2019 13:28