Пилотот на Мерцедес, Валтери Ботас беше најбрз на квалификациите за трката од Формула 1 шампионатот за Големата награда на Велика Британија.

Веднаш до Ботас, во првиот ред ќе биде неговиот клупски колега Луис Хамилтон.

Од вториот ред ќе стартуваат Шарл Леклер од Ферари и Макс Верстапен од Ред Бул.

Од петтата до десеттата позиција на стартот ќе се најдат: Пјер Гасли од Ред Бул Рејсинг, Себастијан Фетел од Ферари, Даниел Рикиардо од Рено, Ландо Норис од Мекларен, Александар Албон од Торо Росо и Нико Хулкенберг од Рено.

Главната трка за британското Гран при ќе почне со почеток во 15:10 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/07/2019 09:58