Директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ) Љупчо Јаневски денеска ќе ги презентира резултатите во туризмот остварени во првата половина на 2019 година.
На средбата со новинарите ќе бидат презентирани и идните проекти и активности на Агенцијата за туризам, податоците за растот на бројот на туристи и БДП-то по основ туризам, а ќе се дискутира и за развојните политики на АППТ и туризмот како доходовна и значајна стопанска гранка.